Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија синоќа започнала масовен комбиниран напад врз Украина, користејќи 18 ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 ударни дронови.
-Русија започна масовен комбиниран напад кој траеше речиси десет часа. Осумнаесет ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 ударни дронови, од кои речиси 200 се од типот „Шахед“, напиша Зеленски на Телеграм.
Според него, главна цел на нападот бил главниот град и регионот на Киев, додека биле нападнати и регионите Чернигов, Суми, Полтава, Кировоград и Харков.
Во нападот врз Киев, две лица биле убиени, а 16 биле повредени.
-Ова е јасна ескалација на теророт од страна на Русија: стотици „маченици“ секоја вечер, постојани напади, масовни напади врз украинските градови. Ова значи дека е потребно забрзување. Мора да бидеме побрзи со санкциите и да извршиме притисок врз Русија за да ги почувствува последиците од својот терор, рече Зеленски.
Како што изјави тој, „партнерите мора да бидат побрзи со инвестициите во производство на оружје и развој на технологија“.
Зеленски, исто така, најави преговори со партнерите во рамките на Коалицијата на подготвените.
-Денес ќе разговарам со партнерите, особено во рамките на Коалицијата на волјата, за дополнително финансирање за производство на пресретнувачки беспилотни летала и снабдување со воздушна одбрана на Украина. Задачите се апсолутно јасни. Мора остро да одговориме на ваквите руски напади. Токму така ќе одговориме, предупреди Зеленски.
Ново на Сител
-
Русија во текот на ноќта жестоко ја нападна западна Украина со дронови и ракети
-
Работна посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај во земјава
-
САД му воведе визни ограничувања на кубанскиот претседател за неговата улога во „бруталноста на режимот“
-
Авионот на „Ер Индија“ се урна заради исклучен доток на гориво во моторите, покажува прелиминарниот извештај за несреќата
-
Ѓоковиќ: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено...
-
Вучиќ: Студентите во блокада на 15 март не дадоа „зелено светло“ затоа што некои во државата требаше да си ја завршат работата
-
Свети апостоли Петар и Павле (Петровден)
-
Сончевo и топло до 36 степени