-->
-->
Зеленски: Руското небо „де факто ќе биде затворено“ поради украинските дронови
-->

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека рускиот воздушен простор ќе биде „де факто затворен“ поради украинските дронови.
– Сакам да ги предупредам сите авиокомпании што го користат рускиот воздушен простор, сите осигурителни компании, сите што ги користат клучните руски аеродроми дека руското небо станува исклучително опасно. Иако руските власти не соопштуваат, руското небо де факто ќе биде затворено, посочи Зеленски.
Тој додаде дека Украина не го загрозува цивилното воздухопловство, но оти превозниците кои летаат за Москва, Санкт Петербург или други локации мора да го земат предвид ризикот од дронови на руското небо.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
