Зеленски со порака до Русите: Ќе ве убиваат, еден по еден, се додека е Путин на власт
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во ноќно обраќање изјави дека Русите ќе бидат убивани еден по еден се додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин, кој ја нареди инвазијата врз Украина.
-Додека сите вие самите не го решите проблемот од кој почна сè, што ја почна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убивани еден по еден, станувајќи жртвени јарци, бидејќи не признавате дека оваа војна е историска грешка за Русија, рече Зеленски во своето редовно ноќно обраќање.
Украинскиот претседател додаде дека наскоро армијата, која од вчера го контролира градот Лиман, во регионот Доњецк, што е под руска контрола, ќе поврати и други градови во регионот.
-Во текот на неделата над Донбас се вееја нови украински знамиња, а следната недела ќе ги има уште повеќе, додаде Зеленски.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
