Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во Европската Унија и дека очекува ова лето да се постигнат повеќе резултати во процесот.
Зеленски во своето редовно вечерното видео обраќање до сонародниците рече дека Украина веќе се подготвила за дипломатските настани во следната недела.
Тој потсети дека ЕУ ја потврди својата подготвеност да го отвори првиот кластер во преговорите за пристапување со Украина, оценувајќи дека ова му дава нов импулс на тој процес, објави Укринформ.
„Направивме апсолутно сè за овој напредок и сум благодарен на сите што помогнаа и на сите што работат за нашата земја“, рече Зеленски.
Тој вети дека нема да има одложување во процесот на пристапување во ЕУ од украинска страна.
Оваа недела, Советот на ЕУ официјално го започна процесот на отворање на кластерот 1 во преговорите за пристапување на Украина и Молдавија во Европската Унија.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
