Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја
Украина е подготвена за средба на највисоко ниво со руското раководство доколку Москва навистина покаже сериозност и подготвеност за прекин на војната и воспоставување праведен и траен мир, изјави денес претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како одговор на изјавите на претседателот на Русија, Владимир Путин, дека Русија е подготвена за преговори во принцип.
Како што објави агенцијата РБК Украина, Зеленски во објава на Телеграм изјави дека Киев ги поздравува напорите на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, со цел прекин на војната и постигнување стабилен мир, заблагодарувајќи им се на земјите што ги поддржуваат мировните иницијативи.
„Доколку пораките што доаѓаат од Русија навистина ја одразуваат подготвеноста за завршување на војната и воспоставување долготраен мир, а не само за купување време со цел продолжување на конфликтот и избегнување санкции, Украина ја потврдува својата подготвеност да се сретне со лидерите во секое време“, рече Зеленски.
МИА
Ново на Сител
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ