Преглед на вестите од светот
На Камчатка, после цели шест века, се активираше вулканот Крашениников. Ерупцијата се случила ноќеска и е можеби поврзана со силниот земјотрес кој минатата недела го погоди рускиот Далечен Исток.
Ерупцијата е снимена од туристичка група на пат кон друг вулкан.
-Станавме сведоци на уникатен настан – додека се враќавме од Тумроки, ја видовме ерупцијата на вулканот Крашениников.
Од рускиот Институт за вулканологија велат дека последната активност на овој вулкан датира од 15-тиот век, а оттогаш не се регистрирани нови ерупции. Според нив, не се исклучува можноста дека сегашната ерупција е поврзана со неодамнешниот силен земјотрес во регионот.
Надлежните служби соопштија дека е забележан облак од пепел кој достигнал височина од шест илјади метри.
Неколку градови во источна Австралија се покриени со најдебел снежен слој забележан во последните децении, што предизвика хаос во сообраќајот и прекин на струјата за десетици илјади жители.
Во делови од северозападниот регион Нова Англија, паднал најобилен снег во последните 20 години, додека во соседната држава Квинсленд е регистриран прв снег по една деценија, јавуваат локалните медиуми.
-Никогаш во животот немам видено снег. Oтсекогаш сонував да сум на снег. Никогаш во животот не сум видел снег. Навистина е надреално искуство„ да, прекрасно е.
Службите за итни случаи во Нов Јужен Велс интервенирале во над 1.450 случаи. Над 100 возила останале заглавени во снегот, а снежната бура оштетила згради и предизвикала повеќе поплави.
Според најавите, во некои области се очекува да наврнат и до половина метар снег.
Во руски ракетен напад врз градот Никоалев во јужна Украина, најмалку седум лица се повредени, а десетици куќи и објекти од цивинланта инфраструктрура се уништени или оштетени.
Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија синоќа лансирала 76дронови и седум ракети чија цел биле неколку региони во Украина.
Во раните утрински часови, пак, украински напад со дронови предизвикал голем пожар во складиште за нафта во рускиот град Сочи, соопштија локалните власти. Пожарот зафатил резервоар со 2.000 кубни метри гориво, а повеќе од 120 пожарникари се ангажирани на терен. Летовите од аеродромот во Сочи се привремено запрени.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар