Зеленски вторпат во два дена разговараше телефонски со Трамп

Зеленски вторпат во два дена разговараше телефонски со Трамп. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседател на САД, Доналд Трамп разговарале вчера, а денеска повторно оствариле контакт, откако украинскиот претседател претходно имал телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.
Според соопштението на Киев, двајцата лидери разговарале за зајакнување на противвоздушната одбрана и за зголемување на капацитети на Украина со голем дострел.
„Разговаравме и за повеќе детали поврзани со енергетскиот сектор. Претседателот Трамп е добро информиран за сè што се случува. Се договоривме да го продолжиме нашиот дијалог, а нашите тимови веќе ја прават потребната подготовка“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.
Вчера украинскиот лидер го повика Трамп да посредува за постигнување мир во Украина по примерот на спогодбата за прекин на огнот во Газа.
„Ако една војна може да запре во еден регион, тогаш и другите војни може сигурно да бидат запрени, вклучително и оваа што ја води Русија“, му рекол Зеленски на Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Случај Епстин: Замрзнати мозоци од Македонија транспортирани во Америка
-

Следните осум месеци посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје
-

Продолжува судењето за „Пулс“ со сослушување сведоци
-

При претреси во Битола пронајдена дрога, уапсена 18-годишна девојка и 40-годишен маж
-

Најмалку 38 лица починаа од хипотермија во Полска оваа зима
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
-

Нормализиран сообраќајот на патот Удово - Валандово
-

Ѓорѓиевски објави видео како ќе изгледа првата фаза од булеварот „Македонија“
