Македонија
20. April 2026 - 12:28
Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста
Здружувањето на земјоделците во земјоделски задруги е клучен чекор за подобрување на нивната конкурентност, намалување на трошоците и олеснување на пласманот на производите. Но за жал и покрај придобивките интересот е сеуште мал.Земјоделците се соочуваат со сериозни предизвици со маркетите и трговците, кои нудат овошје и зеленчук по доста пониски цени од пазарите.
Од тоа колку е плодна земјата зависи дали и какви приноси ќе имаме. Земјодеците многу често поради незнаење ги користат минералните ѓубрива наместо органските кои се многу поквалитетни и помалку штетни и за растението и за човекот.
Добрите познавачи сметаат дека само со добра едукација и информираност може да имаме поголеми приноси во земјоделството.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
