Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
Најмалку 29 лица се повредени, меѓу кои две се во критична состојба, откако земјотрес со јачина од шест степени изутринава го погоди островот Сулавеси во централна Индонезија, соопштија официјалните власти.
Според портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари, 13 повредени се пренесени во болници во областите Посо и Токорондо, откако врз нив паднал градежен материјал од оштетен верски објект.
Земјотресот оштетил и црква во селото Масани, а бројот на раселените жители сè уште се проверува.
Потресот се случил во 5:38 часот во Посо (21:38 по ГМТ во саботата), со епицентар на длабочина од 10 километри. Властите соопштија дека нема опасност од цунами.
Во соседната област Сиги земјотресот бил почувствуван умерено околу седум секунди, без пријавени жртви или материјални штети. Во делови од областа Посо Песисир, потресот траел околу 15 секунди и предизвикал паника, по што многу жители ги напуштиле своите домови.
Мухари апелираше жителите да бидат внимателни на можни вторични потреси и да избегнуваат оштетени објекти.
МИА
Ново на Сител
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска