Земјотрес од 7,4 степени во Колумбија, најмалку 20 загинати

Најмалку 20 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди северозападниот дел на Колумбија, пренесе Скај њуз.
Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри.
Гувернерката на колумбискиот западен регион Чоко, Нубија Каролина Кордоба-Кури, изјави дека во главниот град на тој регион, Кибдо, има „значителна штета“ на зградите и повеќе повредени.
„Загрижени сме поради можните афтершокови. Иако епицентарот беше во Сан Хозе дел Палмар, во главниот град (Кибдо) има повредени и значителна штета на зградите. Веќе вршиме проценка на штетата“, напиша Кордоба-Кури на Х.
Не се очекува земјотресот да предизвика цунами.
Според локалниот портал „Публико“ во потресот се оштетени катедрала и повеќе од 10 аеродроми. Во Кали и Манизалес паднале фасади од многу згради, а во Манизалес е оштетена една од кулите на катедралата.
Во колумбискиот град Кибдо, главен град на департманот Чоко, кој се наоѓа на пацифичкиот брег, се урнале неколку згради, има повредени, но сè уште не се знае точната бројка, изјави Нубија Каролина Кордоба, гувернерка на Чоко.
Дел од покривот на меѓународниот аеродром „Матекања“ се урна, а екипите се обидуваат да стигнат до луѓето заробени под урнатините. Властите сè уште немаат пријавено повредени или жртви на таа локација.
Земјотресот, според локалното време, се почувствувал рано утрово и во Венецуела, Еквадор и Панама.
МИА
Ново на Сител
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Лебот и пецивата под притисок за поскапување
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
