Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден

Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени денеска повторно го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), пренесоа светските новински агенции.
Новиот силен потрес се случи само неколку часа откако оваа југоисточноазиска држава веќе беше погодена од друг разорен земјотрес во текот на денот.
Епицентарот на новиот земјотрес бил во близина на градот Пематангсиантар, во индонезиската провинција Северна Суматра, на оддалеченост од 126 километри југоисточно од провинцискиот главен град Медан.
Утринава, најмалку 38 лица загинаа откако земјотрес со магнитуда од 7,7 степени ја погоди источна Индонезија.
На пространиот индонезиски архипелаг чести се земјотресите и вулканските активности поради неговата специфична географска местоположба на Пацифичкиот Огнен Прстен, кој претставува најактивен сеизмички појас во светот.
Ново на Сител
-

Четворица возачи лишени од слобода во Тетово, двајца возеле со речиси два промили алкохол
-

Кошаркарките на Вардар и по шестото коло со максимален ефект
-

По ноќешниот голем украински напад врз Русија, Москва тврди дека соборила повеќе од 1.000 дронови
-

Јанчев: Се работи со полн капацитет, снегот се отстранува и се одржува проодноста на патиштата
-

Шпанија денеска избира нова власт
-

Град Скопје превентивно ги третира сообраќајниците пред најавениот снег, зимската служба ќе биде на терен цела ноќ
-

Прва машка трка посветена на машкото здравје во Скопје
-

Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј
