Македонија
16. November 2024 - 16:29

Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето

Се поголем е бројот на деца кои имаат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Ваквата состојба не е само невролошка туку и последица на екранизацијата и  зачестената употреба на мобилните телефони. Ова  го констатирале од здржението за дислексија Ајнштајн од каде информираат дека оваа состојба не е ограничена само кај децата од основното образование, туку со неа се соочуваат и повозрасните групи. Последното истражување што било направено од нивна страна покажало дека над 12% од средношколците покажуваат индикации на дислексија.

Експертите предупредуваат дека  прекумерната употреба на мобилните телефони може да предизвика и проблем со говорот кај децата. Според нив клучот за превенција и рано справување со проблемите поврзани со дислексија лежи во навремено препознавање и реакција како од страна на наставниците така и од родителите.

Со цел  рана детекција на оваа состојба, но  и едукација  не само наставниците туку и пошироката јавност,  здружението Ајнштајн  почна подвижен караван за дислексија. Караванот претставува серија од 8 едукативни работилници кои се реализираат во исто толку различни градови низ државата.