Зголемен прометот во индустријата

Прометот во индустријата во јули годинава е зголемен за 13,8 отсто во однос на истиот месец лани, во споредба со јуни 2025 година бележи опаѓање за 0,7 проценти, додека во периодот јануари - јули 2025 година во однос на периодот јануари – јули 2024 година пораснал за 8,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Вкупниот промет во јули 2025 година во однос на јули 2024 година бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.6%, Капитални производи за 36.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2025 година во однос на јули 2024 година бележи пораст од 3.4 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи опаѓање од 1.3 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст од 17.4 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи пораст од 10.3 %.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
