Македонија
17. December 2015 - 20:09

Зголемена можноста за дополнителна дејност на лекарите од јавното здравство

Лекарите во јавното здравство ќе може да заработат поголема плата. Со новите измени на законот за здравствена заштита нема ограничување на дополнителната дејност на 8 часа неделно туку докторите имаат право  секој месец во попладневните часови и викендите да прегледуваат, снимаат  или опериреаат уште 30 пациенти. Болниците и клиниките треба сами да го направат ценовникот за здравствените услуги кои ќе се даваат после работното време и колкав процент од парите ќе им следуваат на лекарите. За да нема злоупотреби во “Мој термин” ќе има точно декларирани термини за дополнителна дејност.

-На тој начин на минимум ќе се сведат злоупотребите, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Ако лекарот е избран меѓу 100-те најдобри претходниот месец, следниот ќе има право на дополнителна дејност за 60 здравствени услуги. Исто така со законските измени кои се во собраниска процедура се предвидува и 50 проценти од  приходите остарени од странски пациент да им припаднат на медицинскиот тим кој го третирал болниот. Како што истакна Тодоров ова е усогласено со сите релевантни чинители во здравството, коморите, медицинскиот факултет, како и со самостојниот и синдикатот на клиничкиот центар. Целта е со сет мерки за поголема финансиска стимулација што повеќе лекари да се вратат од приватното во јавното здравство.