Зголемена реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун

Реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари годинава е зголемена за 11,1 отсто во однос на истиот месец лани.
Како што соопшти Државниот завод за статстика, во трговијата на мало во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 16,7 отсто, а реално за 11,1 процент.
Трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално опаѓа за 3,4 отсто, а реално е зголемена за 3 проценти.
Трговијата на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 7,1 отсто, а реално за 8,1 процент, додека Трговијата на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 8,5 отсто, а номинално за 0,3 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
