Зголемено нивото на Преспанското Езеро, се намалуваат водостоите на реките

За три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 2,26 метри понизок од проесекот за јануари. Нивото на Дојранското Езеро е за 85 сантиметри повисоко од просечното, но е 96 сантиметри под договорениот минимум. Водостојот на Охридското Езеро, пак, е за 10 сантиметри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
И денеска продолжува трендот на намалување на нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Вардар на мерните места кај Велес и Демир Капија и Црн Дрдим кај Ложани каде има зголемување на водостојот и реките Крива Река кај Крива Паланка, Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Берово каде нивото е исто со вчерашното.
МИА
Ново на Сител
-

Брент над 116 долари: Скок на цената на нафтата по напади во Блискиот Исток
-

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива
-

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
-

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег
-

Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
-

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избегал
-

Нови сведоци за пожарот во „Пулс“ денеска во судницата во Идризово
-

Војните во Иран и Украина и цените на енергенсите на агендата на дводневниот Самит на ЕУ
