Зголемено нивото на Преспанското Езеро, се намалуваат водостоите на реките

За три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 2,26 метри понизок од проесекот за јануари. Нивото на Дојранското Езеро е за 85 сантиметри повисоко од просечното, но е 96 сантиметри под договорениот минимум. Водостојот на Охридското Езеро, пак, е за 10 сантиметри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
И денеска продолжува трендот на намалување на нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Вардар на мерните места кај Велес и Демир Капија и Црн Дрдим кај Ложани каде има зголемување на водостојот и реките Крива Река кај Крива Паланка, Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Берово каде нивото е исто со вчерашното.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
