Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер

Полицијата денеска информира за два случаи на насилтво врз жени. Дваесетитригодишна девојка подолг период била следена од поранешниот партнер, кој и упатувал и закани, а на 35 годишна жена од скопско мажот и нанел тешки телесни повреди.
Синоќа во 20:50 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка од Скопје пријавила дека во периодот од октомври 2025 година до вчера била вознемирувана и следена на различни локации од нејзиниот поранешен партнер С.Н.(28), кој притоа и упатувал и закани кон неа и кон нејзиното семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 21:20 часот во скопско село, го лишиле од слобода Ц.Н.(40) од селото, постапувајќи по пријава дека во текот на претходната недела физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а ѝ се заканувал и со огнено оружје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
МИА
Ново на Сител
-

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на ДКСК Ристовска
-

СДСМ: Случајот Груби е режија
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
