Македонија
2. March 2026 - 12:19

Аерозагадувањето проблем и во Охрид

Аерозагадувањето во Охрид бара системско решение .Од граѓанската иницијатива Збогум  Буково велат дека неопходно е да се  преземат мерки и  одговорност за непостапување да се работи на зеленилото и промена на сообраќајниот  режим .

За разлика од минатото кога градот беше познат по   чистиот  воздух сега многу често го има на листата загадени градови.

Со оглед на тоадека  Охрид во моментов нема услови за гасификација,па главна мерка е субвенционирањето на граѓаните за купување и поставување на клима уреди и сончеви колектори, сепак нема податоци колку на овој начин е намалено загадувањето.

Сообраќајот и домаќинствата кои се греат со цврсто и течно гориво се најголемите загадувачи на воздухот во Охрид.  Загадувањето на воздухот е водечки фактор на ризик по здравјето на населението кое предизвикува низа болести и зголемена смртност.