-->
-->
Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-->

На 04.09.2026 во 07:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Трета Македонска Бригада“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Л.Н.(46) од Скопје и електричен тротинет, управуван од женско лице, кое го напуштило местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 46-годишната Л.Н., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
