-->
-->
Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-->

Жител на кавадаречкото село Возарци возел без возачка дозвола, полицијата му го одзела автомобилот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 20:45 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци лишија од слобода 20-годишник од село Возарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал тој, при што било констатирано дека возилото го управувал без да поседува возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР - Велес.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
