Македонија
9. February 2026 - 16:38

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе

Запленети 40 тони марихуана, постапката продолжува, се сослушуваат сведоци и се прибираат докази. Тоа се сите детали кои обвинителството за организиран криминал ги сподели по последната акција која за неколку дена ги испразни магацините на две плантажи во Скопје и Струмица.

„Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе.“ – се вели во соопштението на Обвинителството.

Во отсуство на официјални информации, партиите си ја префрлааст одговрноста.

Премиерот Мицкоски вчера откри дека еден поранешен министер спротивно на законот го изменил правилникот за  начинот на одгледување на марихуаната. На тој начин како што објасни Мицкоски овозможил да се одгледува марихуана во неконтролирани услови кои се знаело дека не може да произведат производ од кој потоа би се произведувало масло.

Марихуаната потоа се криела во отпадот и се изнесувала од плантажите. Најави дека утре Владата ќе донесе одлука по која институцитие ќе влезат во сите компании кои имаат лиценца за производство.