Македонија
8. August 2025 - 20:03

Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на селото Фалише, осомничен за кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг според член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, на јавно место, на автобуска постојка, пред 4-годишно девојче и нејзината мајка, осомничениот се самозадоволувал. Жената и детето веднаш се обратиле за помош на друго лице присутно во близина, кое реагирало, по што осомничениот се покрил и избегал.

- Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи. Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена, наведуваат од ОЈО.

 

МИА