Македонија
26. December 2019 - 20:25

Жителите на Лабуништа на протест против каменоломите

Жителите на Лабуништа повторно го кренаа гласот против каменоломите.

Тие преку протест побараа да се затвори и шестиот каменолом во непосредна близина на селото кој е најголем загадувач  ,најавија бојкотирање на изборите и радикализирање на протестите се додека владата не превземе мерки.

Лабуништани велат дека нарушено е нивното спокојство ,загадувањето е многу големо и се жалат на здравствени проблеми.

Лабуништани револтот од ископите досега го искажале повеќе пати преку протести ,блокада на регионалниот пат Струга-Дебар и со поставување на шатори со 24 часовни дежурства во близина на каменоломите недозволувајќи пристап на механизациајта . Инаку во Лабуништа до неодамна имаше 6 активни каменоломи на повеќето од нив владата им ги одзеде концесиите остана само еден кој со години е најопасен за здравјето на жителите.