Жито Лукс го менува својот визуелен идентитет
Жито Лукс го менува својот визуелен идентитет. Ново лого со нови бои и модерен дизајн на сите пакувања.
Боите и формите на новото лого ги поврзуваат двата извори на животот, сонцето и лебот. Компанијата стреми кон постојано движење во насока на позитивни мали и големи промени за што сметаат дека дополнително ќе овозможат раст, развој и просперитет. Жито Лукс две години работел на визуелното ребрендирање.
-Решивме дека Жито Лукс треба да доживее една преродба, дека Жито Лукс треба да направи одредена промена која што на сите нас на сите нас ќе ни донесе и ќе ни загарантира иднина. Бидејќи, ако не го следите ритамот на промените, ако не го следите темпото на животот постои многу голема веројатност да со текот на времето ќе ја загубите битката и ќе се појави некој друг на пазарот. Тоа беше наша цел во овие две години кога се обидовме да најдеме начин да ја покажеме нашата емоција кон купувачите, вели маркетинг и шопер маркетинг директорката на Жито Лукс, Антоанела Петровиќ.
Од компанијата велат дека новите пакувања имаат за цел дополнително да го нагласат врвниот квалитет на производите на Жито Лукс како предуслов за создавање задоволни и лојални потрошувачи.
Во последните години Жито Лукс инвестирал во подобрување и унапредување на производниот процес, но потребно била модернизација на изгледот да се зајакне перцепцијата на купувачите за брендот.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
