Живот на батерии до трансплантација на срце
Ова што го слушате не е чукање на срце. Ова е звук на машина која работи на батерии. За 41 годишниот Васко Јолески ова механичко зуење веќе 6 години значи живот. Батериите во ташничката се неговото 24 часовно функционирање. Ако тие застанат, застанува се.
-Мора многу повеќе грижа да водиме, во смисла на промена на батериитер сабаље, редовно земање на терапијата. Промена на батериите да се врземе на кабел за ноќните саати да ги поминеме. Да внимаваме да не снема струја во текот на ноќта да реагираме навреме за да се вратиме на батерии. Многу, многу поодговорен е животот и поотежнат откако сум со овој уред, но кога не би бил овој уред, не би бил овде со вас, вели Васко Јолески, пациент со вештачко срце.
Васко работи во природно научниот музеј во Струга како препаратор и вели дека има и разбирање и поддршка од неговите колеги. Лекарите, пак, велат дека одгововрен пациент а и денеска ги слушаше советите при контролниот преглед во Националниот центар за кардиоваскуларни заболувања.
-Она што и светската статистика го предвидува а и што еве веќе кај Васко почнуваме да го гледаме, тоа како еден од оние пациенти кој веќе после 6-7 години почнуваат да се јавуваат компликации – најчестите каде што имаме половината од срцето што е без пумпа да почне да слабее. Токму затоа било каде во европските земји и во светските развиени центри веќе Васко ќе беше пациент кој ќе бепе со приоритет да добие трансплантација на срце, вели д-р Елена Груева, специјалист кардиолог од Националниот центар за кардиоваскуларни заболувања.
Кога му бил вграден уредот Васко се чуствувал добро но и самиот е свесен дека по неколку години може да дојде до промена и влошување на неговата состојба. Тој знае дека вештачкото срце е само привремен мост кој го одржува жив додека го добие најважниот повик.
-Движењето ми е драстично намалено, работните активности, секојдневните се драстично отежнати. Од една страна да тешко е и емоциите преовладуваат, ама од друга страна па нема како. Мора да го изодиме овој пат да стигнеме до трајното решение а тоа е трансплантација на срце, вели Јолески..
-Кај овие пациенти ова е премостување до трансплантација, кај млади пациенти како Васко финалниот третман е трансплантација на срце, вели д-р Груева.
Васко е научен на живот со батерии а тоббичката е секогаш со него.
-Го оставивме Васко со кардиологот да го заврши контролниот преглед и да се врати во Струга каде живее. Тој е еден од триесетината пациенти кои се на листата за чекање орган од кадавер. Вештачкото срце за нив не е избор туку принудно трчање со времето. Додека медицината прави чуда со жици и батерии, единствениот спас не зависи од технологијата. Зависи од нас, колку сме подготвени во најтешките моменти на лична загуба да кажеме ДА за органодонорството и да подариме живот.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
