Жрепката за Лигата на шампиони денеска во Монако
Откако синоќа Карабаг, Бенфика, Клуб Бриж и Копенхаген обезбедија пласман во Лигата на шампиони, познати се сите учесници пред денешната жрепка во Монако.
Во „барабанот“ ќе се најдат 36 екипи поделени во четири групи врз основа на нивните индивидуални коефициенти. Бранителот на титулата, ПСЖ, ќе биде првиот носител во Група 1.
Автоматизиран софтвер ќе извлече осум противници за секој клуб. Секој клуб ќе игра против два противници од секој барабан, еден дома и еден на гости.
Учесници во Лигата на шампионите:
Шешир 1: ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер Милано, Челзи, Борусија Дортмунд, Барселона
Шешир 2: Арсенал, Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Бенфика, Аталанта, Виљареал, Јувентус, Ајнтрахт Франкфурт, Клуб Бриж
Шешир 3: Тотенхем, ПСВ Ајндховен, Ајакс, Наполи, Спортинг, Олимпијакос, Славија Прага, Бодо/Глимт, Марсеј
Шешир 4: ФК Копенхаген, Монако, Галатасарај, Унион Сен-Жил, Атлетик Билбао, Њукасл, Карабаг, Пафос, Каират.
МИА
Ново на Сител
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје