-->
-->
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-->
Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на француската репрезентација, објавија некои тамошни медиуми.
Педесет и тригодишниот фудбалски стручњак ќе го замени Дидие Дешамп кој ја објави својата оставка во јануари 2026 година.
Дешамп е селектор на француската репрезентација од 2012 година. Под негово водство „Триколорите“ ги освоија Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации 2020/21, а исто така стигнаа до финалето на Евро 2016 и Светското првенство во 2022 година.
Зидан работеше во Реал Мадрид за време на својата тренерска кариера - од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Под негово водство мадридскиот клуб двапати стана шампион на Шпанија и три пати по ред ја освои Лигата на шампионите.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски