Зимската бура во САД усмрти над 50 луѓе

Најмалку 51 човек починаа во зимската бура што го погоди источниот дел на САД. Според здравствените власти, најчести причини за смртта се хипотермија и срцеви удари додека го чистеле снегот.
Во сојузните држави Лујзијана, Тенеси и Кентаки пријавени се осум смртни случаи од хипотермија, а во градот Њујорк пронајдени се десет безживотни тела на отворено.
Од хипотермија смртно настрадале и жители на сојузните држави Канзас, Мисисипи, Јужна Каролина, Тексас и Мичиген.
Во Детската болница „Монро Карел Помладиот“ во Вандербилт, Тенеси, хоспитализирани се 46 деца поради изложеност на јаглероден моноксид. Тие се затруле додека нивните семејства се обидувале да се затоплат, а во прекин било снабдувањето со електрична енергија.
Во голем дел од САД останува во сила предупредувањето од студено време. Метеоролозите предупредуваат дека екстремниот студ ќе трае најмалку до 1 февруари. Тие следат уште една евентуална зимска бура, која би можела да го погоди источниот дел на САД за време на викендот.
Се претпоставува дека речиси 80 проценти од населението на САД ќе биде погодено од температури под нулата.
Ниската температура на воздухот и снегот до 51 сантиметар предизвика нарушување на сообраќајот и прекин на електричната енергија. Повеќе од 500.000 домаќинства немаат струја.
„Американ ерлајнс“ (American airlines) соопшти дека досега откажала повеќе од 9.000 лета, од кои 25 отсто се откажани вчера. Во САД вчера се откажани над 2.000 летови, а најпогодени се аеродромите во Далас, Бостон и во Њујорк.
Во сојузните држави Лујзијана и Мисисипи е распоредена Националната гарда, чии припадници помагаат во чистењето на снегот и управуваат со сообраќајот.
Ново на Сител
-

Трамп го предупредува Ирак да не го враќа Ал-Малики на функцијата премиер
-

Oблачно, кон крајот на денот дожд и снег
-

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ
-

МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
-

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода
-

Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
