Зимското сметање на времето почнува в недела - на што треба да се внимава?
Oвaa недела на 29 октомври почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Иако многумина сметаат дека ова „зимско - летно“ сметање е штетно по здравјето и веќе со години се залагаат тоа да се укине, во многу земји сѐ уште е актуелно.
Според лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени проблеми поврзани со промената на времето. Имено, истражувањата покажуваат дека тоа ги нарушува природните циклуси на спиење на телото, што може да влијае на психо-физичкото здравје.
Според клиниката „Мајо“, на пр., човечкиот мозок има „биолошки часовник“, наречен и „деноноќен ритам“, којшто работи на 24-часовен циклус. Без разлика дали станува збор за дополнителен час или губење еден час сон, тоа го изместува циклусот на спиење и може на некои луѓе да им го наруши или отежни нормалниот распоред. Имено, нарушениот сон може да доведе до поголема опасност од срцеви болести, сметаат стручњаците.
Губењето на еден час сон во пролетните временски промени е поврзано со зголемување на срцевите и мозочните удари. Испитување од Убиверзитетот Харвард го проучува влијанието на помалку сон врз срцевите заболувања кај глувците. Откриено е дека по 16 недели, кај глувците со нарушен циклус на спиење се развиле поголеми артериски плаки во споредба со глувците со нормално спиење.
Глувците лишени од сон, исто така, имале двојно повеќе циркулирачки нивоа бели крвни зрнца и помали количини хипокретин, хормон битен во регулирањето на спиењето и будноста.
Истражувањата покажаа и зголемување на сообраќајните несреќи во постудените месеци бидејќи возачите се прилагодуваат на времето.
Исто така, важно е да се истакне дека зголемените часови на темнина може да резултираат со лошо расположение кај многумина, како и замор, болки во мускулите и ослабени коски поради недостаток на витамин Д којшто се добива од Сончевата светлина. Некои луѓе доживуваат сезонско афективно нарушување како резултат на пократките денови. Симптомите на ова нарушување вклучуваат постојано лошо расположение, губење на задоволство или интерес за нормални дневни активности, раздразливост, чувство на очај и спиење подолго од вообичаеното.
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот