Златар од Тетово шверцувал накит вреден четири милиони денари во перница за врат на Богородица | ВИДЕО
Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за шверц на златен накит вреден четири милиони денари, кој сопственик на златара од Тетово се обидел нелегално да го внесе во државата, скриен во перница за врат.
Златото било откриено при контрола на автобус кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар. На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниту еден од патниците не пријавил стока за царинење, по што царинските службеници извршиле детален преглед.
При контролата, во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот биле пронајдени 77 парчиња златен накит со вкупна тежина од 612 грама, проценети на четири милиони денари.
Според Царинската управа, во предистражната постапка биле обезбедени докази дека тетовчанецот го купил накитот од златарска работилница во Истанбул, со намера нелегално да го внесе во Македонија и потоа да го продава во сопствената златара.
Златниот накит е запленет, а против осомничениот е поднесена кривична пријава за кривичното дело „криумчарење“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има политичари во Македонија кои живеат во минатиот век во време кога зборуваме за вештачка интелегенција
-

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
-

Скопје под надзор: Ќе се постават над 200 низ градот за борба против дивите депонии и вандализмот
-

Кривична пријава за Јани Макрадули, поранешен директор на „Пошта“, поради злоупотреба на позицијата
-

Синдикалната минимална кошница за октомври надмина 70.000 денари
-

Мицкоски: Високо образование на мајчин јазик е неспорно, македонскиот е официјален јазик во правосудниот систем
-

Роналдо доби казна од 255 евра - пари кои тој ги заработува за само 39 секунди
-

Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
