Значително поскапување на горивата – РКЕ ги објави новите цени

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 89,50 ден/лит, соопшти РКЕ.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 6,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 92,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 4,867 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,453 ден/кг, стои во соопштението на РКЕ.
Ново на Сител
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
