Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк - прв муслиман на функцијата

Левичарскиот демократ Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските медиуми објавени доцна синоќа.
Со преброени над 97 отсто од гласовите, 34-годишниот кандидат обезбеди недостижна предност, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија на Њујорк.
Неофицијалните резултати на веб-страницата на Комисијата покажуваат дека Мамдани освоил 50,4 отсто од гласовите, поранешниот демократски гувернер Ендрју Куомо 41,6 отсто, а републиканецот Куртис Слива 7,1 отсто, со помалку од 3-отсто од гласовите што остануваат да се пребројат.
Доколку резултатот биде потврден, Мамдани би станал првиот муслиман градоначалник на Њујорк - и еден од најистакнатите избрани противници на американскиот претседател Доналд Трамп.
Ново на Сител
-

Минчев: Законот за висока раководна служба воведува мерит-систем и става крај на партизацијата
-

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026
-

Три лица загинаа во руски напади врз Одеса и Харков
-

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, осудена во Иран на уште 7,5 години затвор
-

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината
-

Облачно со повремен дожд
-

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
-

Најмалку двајца загинати при уривањето на зграда во Либан
