Зошто ни трпнат рацете и нозете и што треба тогаш да направиме?

Вкочанетост, трпнење, „мртва рака", неосетливост во стапалата ... како сакате наречете го, ова чувство ни е познато на сите. Стапалата, дланките, рацете и нозете се деловите на телото кои најчесто „заспиваат", особено ноќе додека сме во лежечка состојба и спиеме. Но, зошто ни се случува ова?
Ова чудно чувство е всушност сосема нормална реакција на телото, велат експертите. Ова значи дека нервите укажуваат на тоа дека морате да ја смените неудобната положба.
„Притисокот ги изложува нервите на стрес", вели германскиот невролог Катрин Хан од универзитетската болница Чарите во Берлин. Ако сте здрави, вкочанетоста не треба да ве загрижува. Напротив, тоа е знак дека вашите витални функции се сосема во ред, додава таа.
Трпнењето, исто така, има превентивна улога, бидејќи ве потсетува да се вратите во удобна положба.
„Доколку нервите не би го испраќале овој сигнал, може да дојде до трајно оштетување", вели д-р Хан.
Ако почувствувате трпнење, едноставно „разбудете" ја раката или ногата со тоа што ќе заземете удобна положба. Не треба да ги тресете, враќањето во нормална положба ќе биде сосема доволно.
„Ако нервот привремено изгубил чувство, не се грижете. Чувството во раката или ногата ќе се врати многу брзо, обично во рок од неколку минути", додава таа.
Меѓутоа, ако не се врати дури и по неколку часа, побарајте медицинска помош. Треба да одите кај лекар дури и ако нема очигледна причина за вкочанетост или трпнење на екстремитетите, предупредуваат експертите.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
