Зошто никако не треба да се загрева автомобилот во место додека трае ладното време
Кога температурите се спуштаат под нула многумина возачи се’ уште имаат навика да станат некоја минутка порано со цел да го загреат својот автомобил. Но, дали постапувате правилно кога го загревате автомобилот за време на ладното време?
Експертите истакнуваат дека станува збор за стара навика од времето кога автомобилите имаа мотори со карбуратори. Тогаш, загревањето на моторите при ниска температура на воздухот пред придвижување имало смисла. Денес, сите понови модели имаат електронско вбризгување на гориво.
Сензорите ја мерат надворешната температура и системот ја приспособува работата на моторот па се смета дека е доволно моторот да работи само 30-тина секунди пред тргнувањето. Потоа може да се започне со возењето бидејќи моторот побрзо ќе ја достигне работната температура доколку возилото е во движење, отколку кога моторот работи во лер, тврдат од американската Агенција за заштита на животната средина.
Освен бучавата што ги вознемирува соседите, за животната средина се многу поопасни издувните гасови што ги испушта автомобилот при продолженото работење во место.
Ново на Сител
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија
-
Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија