Македонија
3. November 2022 - 16:39

Зошто средните училишта два месеци немаат обезбедување?

Училиштата останаа два месеци без обезбедување поради пропусти во работењето на градската администрација. 

Актуленото раководство на градот вината за овој пропуст ја посочи кај поранешниот генерален секретар, за кој велат дека во прашање бил бизнис интерес, за чија цел тој направил договорите да бидат склучени со времетраење од еден месец и со тоа се исцрпила законската можност училиштата да објават нов оглас за ангажирање агенција. 

Екс генералниот секретар Велковски за Сител ги негира ваквите обвинувања и со документи објаснува дека ваква насока издала раководителката на секторот за образование, а со тоа била запознаена и градоначалничката. 

Дополнително тој тврди откако дознал за ваквата насока, веднаш реагирал писмено до градоначалничката и посочил три опции. 

Инаку проблемот со обезбедувањето и лажните дојави за бомби според Град Скопје се актуелизираат од еден ист центар. За овој проблем со средните училишта го свикале и кризниот штаб на градот за да изнајдат решение за непречено и безбедно одржување на наставата.