11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
Македонија е во топ 10те земји каде е регистриран најголем процент на врсничко насилство. Најновиот национален извештај покажува дека најчесто жртви на булинг во нашите училишта се 11 годишните момчиња. Предмет на истражување биле адолесценти на 11, 13, 15 годишна возраст.
Ова истражување покажало дека насилниците обично се деца кои веќе претрпеле некаков вид на насилство од околината или во семејството. Во МОН изминатава година пристигнале вкупно 48 пријави, од кои позитивно решени се 28. Останатите поради комплексноста се уште се во постапка.
Националниот извештај од 2021-2022 година опфаќа над 5000 ученици од 140 училишта во државата. Податоците беа презентирани од стручен тим кој работи на истражувањето во соработка со претставници на ОН и делегацијата на ЕУ во Македонија.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар