„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска апелираше до граѓаните бројот 112 да го користат одговорно и исклучиво за итни случаи кога е неопходна неодложна интервенција на надлежните служби.
Од ЦУК информираат дека во изминатиот период е забележан голем број повици кои немаат итен карактер, а се однесуваат на секојдневни проблеми, меѓучовечки недоразбирања, барање информации, административни прашања и други ситуации за кои не е потребна итна реакција.
Според Центарот, секој неитен повик го ангажира времето на операторите и ги оптоварува телефонските линии.
-Важно е да се знае дека секој неитен повик го зафаќа времето на операторот и капацитетот на линиите. Во истиот момент, на помош може да чека лице чиј живот или здравје е загрозен, жртва на насилство, учесник во тешка сообраќајна несреќа или граѓанин соочен со друга реална опасност - наведуваат оттаму.
Тие потсетуваат дека на бројот 112 треба да се пријавуваат ситуации во кои постои непосредна опасност по животот, здравјето, безбедноста, имотот или животната средина и кога е потребна интервенција на Полицијата, Итната медицинска помош, противпожарните служби или други надлежни институции.
-Доколку ситуацијата не бара итна реакција, обратете се до институцијата или службата надлежна за конкретниот проблем преку нејзините редовни контакт-канали - дополнуваат од ЦУК.
Воедно, Центарот апелира и до институциите, јавните претпријатија, компаниите и единиците на локалната самоуправа да не го наведуваат бројот 112 како општ контакт за информации, административни пријави, евидентирање материјална штета и други потреби кои немаат итен карактер.
Од ЦУК нагласуваат дека бројот 112 не е информативна линија, ниту број за решавање секојдневни проблеми, туку единствен европски број за итни случаи и повикуваат линијата да остане слободна за граѓаните на кои секоја секунда им е важна.
Ново на Сител
-

Уапсен Романец на ГП Делчево, поседувал две тегли марихуана и ЛСД
-

Врвниот невролог од Белград проф. д-р Владимир Костиќ стана визитинг професор во Скопје - Придобивка за студентите по медицина на УКИМ
-

Акциска контрола на товарни возила – 25 возила исклучени од сообраќај
-

Николоски: Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват - Скопје
-

Алкалоид и Прилеп за старт на 9. коло од Супер лигата, дербито се игра во недела
-

Ф1: 13.000 смртни закани на адреса на Гасли
-

Зверев од понеделник прв пат во кариерата на чело на АТП ранг-листата
-

Анчелоти не запира со подмладувањето, повика 15 фудбалери помлади од 23 години
