Македонија
4. May 2022 - 16:33

119 години од смртта на Гоце Делчев - делегации положија цвеќе на гробот, историчарите побараа да не се тргува со неговото дело

Со свечена церемонија во црквата Свети Спас се одбележа 119 годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делчев. Почит оддадоа политичари, делегации, но единствен од државниот врв кој положи цвеќе на гробот беше претседателот Пендаровски. Иако таму остана воздржан од коментар, на социјалните мрежи посвети порака за Делчев.

Премиерот Ковачевски денеска не беше дел од владината делегација која положи цвеќе, но од отворање на браната во Конско порача - Гоце Делчев се бореше за македонската држава која е на чекор до ЕУ.

Дел од историчарите на денешниот симпозиум цврсто на нивните ставови - за ликот и делото на Делчев, не се преговара.

Државната награда Гоце Делчев пак, за особено значајни достигнувања во науката, денеска во Собранието му беше доделена на професорот Мишо Докмановиќ.

По повод 119 годишнината од смртта на Гоце Делчев, денеска во Бугарија се одржа меѓународна конференција за европската перспектива за добрососедските односи помеѓу двете земји.