Македонија
25. July 2026 - 16:55

12 плажи имаат спасители на вода

Иако сме во шпицот на летната сезона само 12 плажи долж Охридското Езеро имаат воспоставено услови и критериуми за безбедно капење, спорт и рекреација. Центарот за безбедност располага со 25 активни спасители на вода кои се грижат за безбедноста на бројните туристи кои одмараат во главниот туритички центар.

Бројката е речиси иста како и изминатите години, од Црвениот крст се надеваат навремено да се обезбедат со спасители и обележат согчасно правилникот и останатите капалишта.

Покрај на капалиштата, тимови на Црвениот крст се активни и ангажирани на бројните културните и забавни настани што се случуваат во Охрид.