13-годишникот кој прободе врсник во срцето не подлежи на кривична одговорност - 30 дена притвор за неговиот брат

19-годишниот Б.И. од Скопје, осомничен за насилство врз дете во скопската населба Чаир, ќе остане во притвор 30 дена, одлучи Основниот кривичен суд Скопје.
Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерка за обезбедување присуство, по произнесувањето на осомничениот го прифатил предлогот и определил мерка притвор.
Б.И. се товари за кривичното дело „Насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Притворот е определен поради постоење на околности предвидени во член 165 став 1 точки 1, 2 и 3 од Законот за кривичната постапка. Судот утврдил опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци и на тој начин да ја попречи истрагата, како и опасност од повторување на кривичното дело.
Претходно, од Основното јавно обвинителство соопштија дека осомничен е и неговиот малолетен брат. Според полициското соопштение, тој ги избол трите лица, меѓу кои и 13-годишното дете кое е во животозагрозувачка состојба, но на возраст од 13 години е под законската граница за кривична одговорност.
Ново на Сител
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
-

Бубрежна хронична болест, гојазност и дијабет – коморбидитети кај починатите од западно-нилска треска
