-->
-->
15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото
-->

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години.
-Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот, се наведува во соопштението.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
