Македонија
11. November 2026 - 13:35

19-годишник од Радовиш ја нападнал својата баба, полицијата го приведе

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода 19-годишниот С.А. од Радовиш, по пријава дека физички ја нападнал својата 70-годишна баба.

Според информациите од полицијата, настанот се случил на 10 ноември 2026 година, во 19:05 часот, во Радовиш.

Младиот радовишанец бил приведен, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.