Македонија
10. November 2026 - 16:37

Во некои одделенија и по 10 ученици немаат втора доза на МРП вакцина

Во едно одделение и по 10 ученици невакцинирани со втора доза на МРП.

Ваква е состојбата во неколку училишта во Скопје во период кога имаме 5 потврдени случаи на морбили и насоки за превенција од здравствените власти за да не дојде до епидемија.

За скопските општини за кои педијатри веќе кажаа дека речиси секое второ дете во градинка е невакцинирано, под ризик е и школската популација.

Диспанзерите ги повикуваат групно преку известувања до класниот раководител а оние кои не сакаат ниту една доза, родителите потпишуваат изјава.

- Можеби и родителите свесно го прават тоа и не сакаат да дојдат а можеби и не биле потсетени и заборавиле дека треба да дојдат се додека не дојде до ваков момент нели каде што телевизиите и медиумите ќе бидат јавната свест за повикување. Ние се трудиме постојано да апелираме но не ни се толку достапни родителите цело време да зборуваме за истата состојба, изјави д-р Соња Ралева, пункт за имунизација Бит Пазар.

Лекарите предупредуваат дека без поголем опфат на вакцинација ќе се повтори 2019 кога имаше и смртни случаи од морбили.

- Самото морбили заболување е висококонтагиозно, се шири со брзина на пожар и ние нема да бидеме во содтојба да ја зауздаме епидемијата, единствено можеме да превенираме, вели д-р Ралева.

Од 5-те потврдениу случаи, здравствените власти велат дека нема хоспитализирани.

Апелираат на свеста на родителите бидејќи во соседно Косово и Бугарија има епидемии на морбили а опфатот со вакцинација во Македонија е опаднат на 62 проценти.