19-годишник од Скопје во период од 18 дена украл велосипеди и електрични тротинети во вредност од 170.000 денари

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за продолжено кривично дело „тешка кражба“ и кривично дело „одземање на моторно возило“.
Осомничениот, како што информира Јавното обвинителство, за помалку од 20-тина дена, односно од 22 септември до 9 октомври 2025 година, извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени превозните средства за да ги одземе.
На 28 септември осомничениот противправно одзел туѓо моторно возило - мопед, вреден 60.000 денари со намера да го употреби за возење.
-Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот бидејќи тоа е единствен начин да се обезбеди неговото присуство во понатамошната кривична постапка, се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
-

11 возачи возеле без возачка и со активна забрана за управување моторно возило, од нив двајца се малолетници
-

Малолетник прегазен на булевар во Куманово
-

Лишен од слобода крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор
-

Во Јапонија откажан Фестивалот на цветање на црешите поради несовесни туристи
-

Норвешка одвојува 86,4 милиони евра за фондот за поддршка на енергетиката на Украина
-

Вo јануари остранети 2765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци
