Македонија
26. November 2026 - 13:51

20-годишник ја вознемирувал малолетната девојка, таткото пријавил дека имал и полов однос со неа

37-годишен скопјанец пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка подолг период била вознемирувана од нејзиниот поранешен партнер, 20-годишниот Т.С.

Според пријавата, момчето во повеќе наврати доаѓало кај девојката во училиштето, но и пред нејзиниот дом.

Случајот е особено сериозен бидејќи таткото пријавил дека пред околу една година 20-годишникот имал и полов однос со неговата малолетна ќерка.

Настанот бил пријавен на 24 ноември во СВР Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.