20 планинари го стартуваа маршот во чест на Борис Трајковски
20 планинари од Струмица, Радовиш и Гевгелија и годинава тргнаа на марш во чест на Борис Трајковски. 17 години по ред тие пешачат од Струмица до Скопје и на ваков начин му оддаваат почит на загинатиот претседател. Поради пандемијата и годинава исто како и лани маршутата ќе биде скратена, но крајната цел останува иста, на 26 февруари денот кога загина претседателот Трајковски да пристигнат до неговото вечно почивалиште.
Маршутата од Струмица до Скопје не е единствената која планинарите ја минуваат во чест на загинатиот претседател. На неа и претходеше и традиционалниот марш на планината Беласица со искачување на врвот ,,Ботра,, насловен по Борис Трајковски. На овој врв за време на викендот се искачија околу 40 планинари од неколку градови од државата.
Поради ситуацијата со корона вирусот и годинава изостана присуството на планинарите од Бугарија кои секоја година им се приклучуваа на нивните македонски колеги искачувајчи се од бугарска страна.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар