21-годишник од Тетовско пукал додека одел на семејна веселба и настанот го објавил на социјална мрежа

СВР Тетово информира дека е лишен од слобода 21-годишник од Голема Речица кој бил пријавен дека пукал на семејна веселба и потоа тоа го објавил на социјална мрежа.
Случајот бил пријавен вчера во 10 часот, а 21-годишникот е пријавен ноќеска во 00:50 часот.
-Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Ш.(21) од с.Голема Речица, постапувајќи по претходна пријава дека во 10:00 часот во с.Желино, додека одел на семејна веселба, од неговото патничко возило „бмв" со тетовски регистерски таблици пукал со огнено оружје и настанот го објавил на социјална мрежа. Од С.Ш. е одземен пиштол „зораки" со една празна рамка и една кутија со 21 патрони, за кои не поседувал дозвола, соопшти СВР Тетово.
Според информациите на тетовската полиција тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во Кочани прашуваат зошто нема анализи за присуство на цијанид во крвта кај жртвите?
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Ѓорѓиевски: По наследеното катастрофално финансиско наследство, Скопје денес чекори кон стабилизација
-

Советот на Општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

Миса во Католичката црква во Скопје за Божиќ
-

Тема нa денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
