Македонија
25. December 2025 - 16:42

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог

Катаклизма било комплимент за она што го остави СДСМ зад себе, а опозицијата била општествен талог. Антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ била пак, како од времето на Третиот рајх и докуменет што го пишувал Ванчо Михајлов. Мицкоски и Филипче во предновогошен дуел си испратија пораки еден на друг на собраниската седница за пратенички прашања.

Паднаа препукувања и за тоа кој всушност ја поскапе струјата: дали власта или опозицијата?

Иако Филипче не сакаше да му даде простор на Мицксоски да одговори за мигрантите тоа го направија неговите пратеници.

ДУИ пак, очекувано со етничките прашања, но добија одговор за тоа што правеле нивните функционери во кабиентите наместо да ги штитат Албанците.

Пратениците ќе седнат во пратеничките клупи и утре и во вторник, а не е исклучено да работат и на 31 декември за да го надоместат долгиот летен одмор кој речиси се спои со паузата поради локалните избори.