-->
-->
23-годишен Македонец возел 184км/час на автопатот кај Бујановац и удрил во полициско возило
-->
Дваесет и тригодишен македонски државјанин е уапсен завчера оти возел 184 километри на час на автопатот кај Бујановац. Повредил полицаец, удрил и оштетил полициско возило, а оштетил и полициски радар, пренесуваат српските медиуми.
Информацијата ја потврдил Бобан Накиќ, јавниот обвинител во Бујановац.
„На државјанинот на Македонија одреден му е притвор бидејќи денеска на автопатот кај Бујановац возел 184 километри на час, удрил во службено полициско возило и повредил полициски службеник. При ударот бил оштетен и полициски радар. Материјалната штета што настана во таа прилика се проценува на над 2 милиони динари“, изјави Накиќ.
Несреќата, според информациите, се случила на делницата од автопатот меѓу Бујановац и Прешево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратениците во контрола на АНБ
-
СДСМ: Дали премиерот ќе го разреши Фетаи?
-
Oхридското езеро доведено до критична точка